За да нарачате, едноставно прелистајте ја нашата онлајн продавница, изберете ги производите што ги сакате, додадете ги во кошничка и следете ги чекорите за нарачка. Потребно е да внесете податоци за достава и да го изберете начинот на плаќање.
Да, вршиме достава низ цела Македонија. За нарачки над 2000 денари, достава е бесплатна. За нарачки под овој износ, се наплатува стандардна такса за достава.
Нарачките обично се испорачуваат во рок од 1 до 3 работни дена, во зависност од локацијата.
Можете да платите:
При испорака (во готово или со картичка, ако курирот поддржува)
Со платежна картичка онлајн
Да, поголемиот дел од производите може да ги најдете и во нашата аптека во Пробиштип, но некои акции и понуди се ексклузивни само за онлајн купување.
Секако! Нашите фармацевти се секогаш достапни за совет. Можете да не контактирате по телефон, порака на социјалните мрежи или преку формата за контакт на веб-страницата.
На секој производ има детално опишани состојки, намена и упатства. Ако имате дополнителни прашања, јавете се за лична консултација со фармацевт.
Не, лекови на рецепт не се продаваат онлајн. Можете да ги набавите само во физичката аптека со важечки рецепт.
Доколку производот е привремено недостапен, можете да не контактирате за да ве известиме кога повторно ќе биде на залиха или да ви предложиме соодветна алтернатива.
Да, редовно имаме попусти, специјални сетови и подароци. Следете ја нашата веб-страница и социјалните мрежи за да не ги пропуштите.
Најпрво проверете дали сте добиле е-пошта со потврда за нарачката и дали сите податоци (адреса, телефон) се точни. Доколку сте ја добиле потврдата, а поминале повеќе од 3 работни дена од нејзиното испраќање, ве молиме контактирајте нè преку телефон, е-пошта или порака на социјалните мрежи. Ќе ја провериме состојбата со курирската служба и ќе ве информираме за статусот на испораката.